(ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Теле со две глави се роди во битолското село Лажец

by fokus

Теле со две глави, споени черепи, два пара очи, две усти се роди во битолското село Лажец. Телето се родило во петокот вечерта, на 16 април, во одгледувалиштето на фармата „Натали 2005“ .

Телето дише регуларно, цица млеко и полека се исправува на нозе, но ветеринарите велат дека шансите за преживување на ваквите младенчиња се мали.

Во земјава во Природно-научниот музеј „ Д-р Никола Незлобински” во Струга има препарирано теле со две глави кое е со години го привлекува вниманието на туристите.

Фото: Томислав Георгиев

Поврзани новости