(ГАЛЕРИЈА) Еуфоричен пречек на македонските фудбалери

by Фокус

Неколку илјади навивачи се собраа вечерва на централниот скопски плоштад во Скопје за да и ја честитаат на македонската фудбалска репрезентација големата победа над европскиот првак Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж.

На насобраните симпатизери им се обрати капитенот Стефан Ристовски, најавувајќи беспоштедна борба и во вторник против Португалија, против последниот противник на патот до историски пласман на Светско првенство.

-Пред нас имаме уште еден натпревар. Сакаме да ви ветиме дека ќе го дадеме својот максимум, како што го дадовме и вчера – порача македонскиот капитен.

Атмосферата од пречекот на македонските фудбалски репрезентативци по историската победа против Италија може да ја погледнете преку фотографиите на нашиот фоторепртер.

ФОТО Томислав Георгиев

Поврзани новости