(Фотосторија) Живот на депонија!

by lali

mad max5 s

Депонијата „Дрисла“ има годишен капацитет за 160.000 тони цврст отпад. Таа единствената депонија во Македонија во која отпадот може да се трансформира во енергија. Во Македонија има стотоици илјади тони отпад годишно, претворенив во електрична или во термичка енергија тоа сепак не би било доволно за потребите на илјадниците граѓани. Сепак, недостасува фабрика за постројка на отпадот во енергија.

med max17 s

Просторот на депонијате е недоволен за да го прифати отпадот од сите домови, јавни и приватни институции во Македонија во иднина, сметајќи дека годишно еден човек создава околу 300 килограми отпад.

mad max s

Градот Скопје нема доволно пари за да ја модернизира единствената депонија во земјата, тоа ќе го направи приватниот партнер кој беше избран на тендер, а тоа е конзорциумот од „ФЦЛ Амбиенте“ и од „Униеко“. Италијанскиот конзорциум треба да произведува електрична енергија од отпадоците на „Дрисла“. Компанијата, која ја зема концесијата во наредните 35 години, треба да инвестира 73 милиони во модернизацијата. Италијанците ќе треба да направат нова депонја над сегашната и таму да постават постројка за селекција на отпадот и систем за производство на електрична енергија. Со модернизацијата од отпадот исто така ќе може да се произведуваат и алтернативни горива, рециклирани материјали и топлинска енергија.

med max 23 s

Во меѓувреме сиромашните, меѓутоа не само тие (има луѓе кои велат дека добро заработуваат) наоѓаат начин да спечалат пари работејќи буквално 24 часа собирирајќи пластика и железо за потоа да ги продаваат за рециклирање.

mad max8 s

Собирачите на отпад заработуваат оклоу 90 денари за 20 килограми пластични шишиња. Ако се погоди денот тие може да соберат до 250 килограми пластични шишиња и да заработат до 38 евра.

mad max34 s

Камионите за отпад го фрлаат ѓубрето во депонијата најчесто навечер, затоа тогаш има повеќе собирачи во „Дрисла“.

med max 26 s

Со лампи на нивните шлемови тие се шегуваат дека навечер почнува нивната трета смена.

mad max37 s

Учениците исто така работат заедно со постарите, им помагаат кога овие ќе одмараат, но наоѓаат време и да си играат во депонијата. Аднан (12) вели дека доаѓа секој ден по часовите.

mad max10 s

– Барањето низ отпадот може да биде забавно бидејќи се наоѓаат парчиња накит, мобилни телефони, часовници. Блиску до депнонијата има село, оддалечено е само 20 минути пеш, и можам таму да продавам и да заработам нешто – вели Аднан.

mad max20 s

Во близина има мало складиште каде се откупува и се преработува пластиката со две многу стари машини. Едната ги смачкува пластичните шишиња, а другата ги компресира во форма на квадрат, подготвени за продажба.

med max 25 s

Поврзани новости