Според последните информации што ги добиваме од терен, по скандалот со натрупаните гласачи низ многу адреси низ Скопје, Владата реши да изгради камп за гласачи каде истите тие ќе бидат сместени и ќе можат слободно и демократки да излезат на следните избори.
„Владата секогаш работи во интерес на граѓаните, и да бидеме искрени, не сакаме да се теснат луѓето во станови, каде едвај има место за 4ца, а камоли за 115 луѓе. Затоа решивме да изградиме камп за гласачи каде ќе им бидат обезбедени услови за фер и демократско гласање. Затоа апелрираме до сите граѓани што ќе најдат гласачи на својата адреса, истите да ги пријават за да можеме да ги сместиме на подобро место. Инаку да потсетиме само дека во времето на СДСМ немаше толку многу такви гласачи, но и да имаше тие никогаш немаше да им обезбедат услови за гласање како што тоа го правиме ние“, се вели во соопштението на Владата.
Најавите велат дека кампот е планирано да биде изграден на Водно со барокна фасада, на локација на плацевите што екс премиерот ги купи и чекаше ваква прилика да ја покаже својата несебична хуманитарна страна и им помогне на тие што му укажуваат доверба на изборите. Изградбата се планира да започне веднаш, а да биде завршена до јуни, оваа година.
Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.