СДСМ: Тв Нова е новиот пропаганден медиум на власта

by Фокус

Медиумите под палката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират невистини и да ја бранат фамилијата од криминалот за последните 10 години, .реагира СДСМ.

„Секојдневната пропаганда од ден на ден сè повеќе се зголемува и режимските медиуми се натпреваруваат кој повеќе ќе одработи за ВМРО-ДПМНЕ. Полека, но сигурно, приматот на прв медиумски пропагандист го зема ТВ Нова на Сеад Кочан. За само три дена, според мониторiнг по идентична методологија утврдена од ОБСЕ/ОДИХР ТВ Нова емитувала 1.545 секунди позитивни прилози за ВМРО – ДПМНЕ. Позитивни прилози за СДСМ нема. Но затоа ТВ Нова емитувала дури 1.014 секунди негативни прилози за СДСМ. За ВМРО – ДПМНЕ нема ниту една секунда негативен, ниту неутрален прилог“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости