Транспарентност Македонија: Случајот „Титаник“ и новите стандарди на македонските судови

by Фокус

Случајот „Титаник“ е една од точките која се најде во најновиот билтен на Транспарентност Македонија за февруари 2016 година.

Циркусот наречен „македонско Сваровски судство“ не престанува да нé забавува. За волја на вистината, познавачите на домашните правни и политички прилики од поодамна предупредија дека е само прашање на време кога Специјалното јавно обвинителство надлежно за гонење на делата поврзани со прислушувањето (СЈО) повторно ќе се судри со „Сваровски судството“. Првиот судир беше минатата година, уште пред СЈО и да почне да функционира, кога за прв пат докази беа издвоени како незаконити и со тоа наводно недозволени во една најрана фаза од постапката, пред таа формално да започне, уште пред обвинителството воопшто да ги разгледа. Со тоа се најави и стратегијата со која ќе се постапува по овие случаи, стои во билтенот.

Во прилог ви го испраќамe целосниот билтен.

2. Состојба со медиумите

Еден од најсилните бастиони на недемократската и криминална власт во Република Македонија се прорежимските медиуми и нивните главни пропагандни протагонисти. Тие со своето непрофесионално и криминално делување, поттикнати од милионските трансфери од државниот Буџет, со години го гушат информативниот јавен интерес во државата, во обид да ги сокријат огромните политички скандали во кои е вмешан целиот врв на владејачката струкутра. Во изминатиот месец ваквото делување на овие медиуми стана уште поагресивно и подиригирано од пропагандните центри на власта.

3. Молк на ДКСК по барањата на Европската комисија за итни реформи

Европската комисија (EK) во листата за итни реформски приоритети на Република Македонија, покрај другото, посебен акцент стави на реформите што треба да се прават во анти-корупциските политики и законодавството, тргнувајќи првенствено од Извештајот на Рајхард Прибе, прифатен и од Република Македонија и од ЕК, според кој корупцијата е широко распространета во сите општествени сфери, а надлежните органи се неефикасни и не успеале да се справат со овој проблем. ЕК бара да се воспостави веродостојно досие за корупцијата на високо ниво, особено преку обезбедување на доволна автономија на судската власт со цел да се постапува независно и во согласност со законот.

4. Буџетска политика

На почетокот на 2016 г. предизборните трошења се сé поголеми. Владата и Министерството за финансии, иако се соочуваат со очигледни проблеми во обезбедувањето на финансиската стабилност на Буџетот, не се откажуваат од непродуктивните трошења од државната каса. И транспарентноста за трошењето е на доста ниско ниво. Според анализите спроведени од реномирани домашни институции, Владата, министерствата и агенциите кои располагaат со најголем дел од Буџетот, обезбедуваат и најмалку информации во огласите и објавите: нешто повеќе од 70% од јавните објави не содржат податоци за финансиските импликации. Сето ова резултира со голем дефицит во Буџетот на РМ за 2016 г.

5. Случај “ Ушковски“

Дека во Македонија непотизмот и кронизмот се широко распространети коруптивни појави се покажа и со обелоденувањето на информацијата дека ќерката на претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски – г-ѓа Маре Ушковска – е поставена за економски промотор во Шкотска, што е уште еден пример на наградување на партиските војници и блиски роднини на функционери на власта. Дополнително, иако Ушковска, како именуван функционер, има обврска да поднесе анкетен лист до ДКСК за пријавување на имотната состојба, според податоците достапни на веб страната на ДКСК е видно дека таа не ја исполнила својата законска обврска.

6. Јавни набавки

Додека голем процент од граѓаните во државата живеат во сиромаштија и не можат да ги задоволат ниту основните егзистенцијални потреби, Владата продолжува да се луксузира. Службата за општи и заеднички работи при Владата, за износ од 1.500.000,00 денари, ќе набавува колонијални производи, кондиторски производи (чоколади), пиво, вино, жестоки пијалоци и ликери, а само за вино ќе потроши 563.918,00 денари и за ракија 73.610,00 денари. Тендерот за овие набавки го доби Друштвото за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ.

Истовремено, Министерството за економија само за организација на регионална конференција за зимски туризам, ќе потроши 847.458,00 денари, а тендерот го доби Друштвото за производи, трговија и услуги Скрин принт ДОО експорт.

7. ЈУ Конгресен центар Aлександар Македонски

Универзалната сала во Скопје, која после земјотресот беше изградена со донација на 20 земји, требаше да биде срушена и на нејзин место да се изгради нов, современ конгресен центар. Советот на Град Скопје даде согласност за промена на статутот на Универзална сала и промена на нејзиното име во ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“. Според проектот на „Стоун дизајн“, конгресниот центар требаше да биде во форма на јајце, со голема сала до 3.000 седишта, мала сала до 300 седишта и административни простории. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска своевремено најави дека со овој проект градот Скопје и Република Македонија ќе добијат нов, модерен објект кој ќе овозможи современи услови за одржување манифестации и настани од секаков вид и дека Универзалната сала ќе биде нов хералдички знак на градот Скопје, нов културен центар во кој секојдневно ќе се презентираат врвните културни вредности од нашата држава и од светот.

И преку овој билтен Транспарентност – Македонија продолжува да укажува и предупредува на неправилности и непочитување на процедурите и добрите практики во спроведувањето на јавните политики и трошењето на јавните пари во општеството.

Поврзани новости