Деканот на Шумарскиот факултет ја демантира Антикорупциска дека не поднел анкетен лист

by fokus

Деканот на Шумарскиот факултет проф. д-р. Кирил Сотировски демантира дека не поднел анкетен лист до Комисијата за спречување на корупција, откако на вчерашната седница беше донесена одлука да бидат покренати прекршочни постапки за 28 декани кои не ја испочитувале оваа обврска. Името на Сотировски се најде меѓу нив.

„Во врска со вчерашното соопштение на ДКСК, во кое беа посочени функции/лица од академската заедница кои не поднеле анкетни листови за нивната имотна состојба во моментот на стапување на функција, а меѓу кои бев посочен и јас, проф. д-р Кирил Сотировски, во својство на декан на Шумарскиот факултет во Скопје при УКИМ, изјавувам под целосна материјална и морална одговорност дека соодветните документи се навремено поднесени од моја страна.

Тој вели дека анкетниот лист го поднел на 29 декември 2016г., по неговото назначување за в.д. декан на Шумарски факултет, на 23.11 2016г.

„На пријавата е видлив печатот за прием на документот од Генералната дирекција на управата за јавни приходи. Истовремено ве известувам дека на истиот датум (29.12 2016г.) поднесов и „Изјава за интереси” во архивата на ДКСК. Во текот на денешниот ден истите документи ќе ги приложам во ДКСК, доколку е потребно во целост, за да од нивна страна биде исправен пропустот“, соопшти Сотировски.

Поврзани новости