Девојка фатена со хероин при посета на затвореник во штипскиот затвор

by fokus

Штипската полиција поднесе кривична пријава против 28-годишен затвореник и 25-годишна девојка од Дебар поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што информираат од МВР, на 23 септември минатата година во затворот во Штип, второпријавената, при посета на затвореникот, се обидела да внесе хероин, кој бил откриен од страна на надзорниците.

По преземените мерки, било утврдено дека затвореникот претходно договорил набавка на хероинот од лице што засега е непознато за истрагата.

Поврзани новости