Даниловски: Олабавувањето на мерките луѓето го сфатија како крај на епидемијата!

by Fokus

Епидемиологот Драган Даниловски во интервју за хрватски „Тпортал“ смета дека олабавувањето на мерките во нашата земја поради пандемијата на корона вирус било погрешно сфатено од населението.

„Пред сè, се случи предвремено и ненадејно опуштање на пропишаните рестриктивни мерки. Тие го укинаа полицискиот час, отворија кафулиња. Луѓето го видоа како сигнал да се стави крај на епидемијата. Се упатија кон кафеани, излетнички места, туристички места – Охрид, Преспа, Дојран … и бројот на заразени почна да се зголемува. Одеднаш, но не секаде“, вели Данаиловски.

Поврзани новости