Казна од 10.400 евра за белгискиот принц поради непочитување на карантинот

by Fokus

Белгискиот принц Јоаким кој се заразил со корона вирус откако присуствувал на забава во Шпанија, казнет е со 10.400 евра поради кршење на мерката карантин.

Тој е казнет поради тоа што по доаѓањето од Шпанија на 24 мај не ја почитувал мерката на 14 дена карантин, туку два дена подоцна присуствувал на забава во Кордоба.

И покрај тоа што се извинил за својот однос, тој ќе мора да плати казна, која би се намалила за 50 отсто доколку ја плати во рок од 15 дена.

Фото: Виторио Зунино Селото

Поврзани новости