Амди Бајрам ќе ги проверува процентите од анкeтите

by Фокус 21:33
21:33

Амди Бајрам ќе биде на чело на Државната анкетна агенција која ќе ги проверува процентите на партиските рејтинзи што ги вадат агенциите, решија вчера македонските пратеници.

– Не може бe ко лани некој си „Фокус“ со таму некој си „Рејтинг“ да ми го секираат Иле со процентите за Пендаровски! Шеќер и вода му давав, мада од прва утнав и му дадов вода и брашно, оти брашно секад ми е при рука за време на избори – изјави Амди Бајрам, новиот директор на Анкетната агенција.

- Advertising -

Пратеникот од Шуто Оризари важи за многу добар познавач на процентите уште од времето кога ги поби сите закони на природата со тоа што извади 102,3 посто од гласовите. Во моментов Бајрам го придружува синот Елвис на часовите по математика во средното училиште за да ги совлада и промилите!

Според новиот Закон за анкети директорот Бајрам е должен секогаш кога ќе се појави анкета да си го лижне показалецот, да го подигне во воздух и да почувствува од каде дува ветерот и со тоа да утврди дали се точни резултатите.

Поврзани новости