Прилеп: Од возило на Брза помош се вее партиско знаме на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус 19:56
19:56

Снимката направена денеска од граѓанскиот синдикат ОДРАЗ (организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија) покажува дека низ улиците на Прилеп од  возило на Брза помош се вее партиското знаеме на ВМРО-ДПМНЕ. Амбулантното возило се движело низ центарот на Прилеп, а активистите од ОДРАЗ го следеле низ улиците.

За овој случај јави порталот Револуционер. 

Влатко Ристески, претседател на ОДРАЗ, вели дека немале ни малку сомнеж дали да го објават видеото и регистерските таблички на амбулантното возило, со оглед на тоа што станува збор за злоупотреба на државни ресурси за партиски цели.

- Advertising -

„Тоа е возило на граѓаните, намената е да ги пренесува болните лица, па оттаму немавме никаква дилема дали да ја објавиме снимката и бројот на регистерските таблички“, вели Ристески.

Од ОДРАЗ прашуваат кој е тој што дозволил службено возило на Брза помош да вее партиски знамиња, зошто возилото било амортизирано за партиски цели наместо да интервенира кај болни лица, а воедно бараат одговорност од градоначалникот Гоце Јонзоски и од министерот за здравство Никола Тодоров.

Тука можете да ја погледнете снимката од возилото на Брза помош снимено низ прилепските улици. 

 

 

 

 

 

Поврзани новости