Ако било добро за Хитлер, зошто не би било добро и за Пастирот?

by Фокус 10:03
10:03

Како наближуваат изборите на 5 јуни, така расте и неизвесноста дали тој ден навистина и ќе има избори. Речиси на сите во Македонија, а и на инволвираните во меѓународната заедница, сосема им е јасно дека нема ниту минимум услови тие да бидат фер, демократски и пред сѐ веродостојни.

Ама, поранешниот премиер Никола Груевски панично запнал: Избори на 5 јуни мора да има! Оти, според него, сѐ, ама баш сѐ, било спремно.

- Advertising -

Тогаш, еве еден искрен предлог како да изгледа гласачкото ливче на тие и такви – поточно – никакви избори. За да не мора да „измислуваат топла вода“, кога некој друг тоа веќе умешно претходно го направил.glasachko livche germanija ja neinНАПОМЕНА: Ова е ливче од гласањето на Референдумот во Австрија на 10 април 1938 година. Прашањето било:

„Дали се согласувате со повторното обединување на Австрија со Германскиот Рајх што се случи на 13 март 1938 година и дали гласате за партијата на нашиот лидер Адолф Хитлер?“

Означениот, поголемиот круг бил за одговорот „Да“ а помалиот, се разбира, за „Не“.

За да не се збунат гласачите, на сите гласачки места биле поставени и постери со јасни инструкции за тоа како правилно да се пополни гласачкото ливче.4.2.7Па затоа никој не бил изненаден кога при „доброволната“ излезност од 99,71%, за поголемиот круг на Фирерот се определиле „само“ 99,73 гласачи!

Поврзани новости