Стартува политичката кампања за изборите без избор

by Фокус 09:43
09:43

Денеска официјално почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори за 5-ти јуни, на кои единствен учесник е коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека владејачката партија тврди дека во јуни избори ќе има, останатите партии и натаму бараат да се свика собраниска седница на која ќе се поништи одлуката за избори.

- Advertising -

Претседателот на Собранието пак, Трајко Вељаноски, е во официјална посета на Ватикан од каде се враќа доцна вечерва. Претходно тој испрати соопштение до јавноста во кое пишува дека останува на ставот дека нема уставна можност за повторно свикување на Собранието.

Истото го изјави и лидерот на партијата Никола Груевски, кој тврди дека нема законска основа за откажување на изборите на 5 јуни, и покрај тоа што само неговата партија ќе учествува на нив.

ДИК пак, во петокот со писмо до Вељаноски побара да свика собраниска седница за измени во Изборниот законик затоа што биле констатирани недоследности во бројот на гласаччите во три изборни единици.  И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во петокот поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието.

 За одлуката на можно заседавање на Собранието се чека Вељаноски да се врати од Рим.

 

Поврзани новости