ДИК одлучува дали ќе спроведе избори со една партија

by Фокус

Откако вчера и формално се потвди дека на изборите ќе учествува само листата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, членовите на Државната изборна комисија за денеска закажаа работен состанок на кој ќе одлучат дали ќе ја продолжат својата работа.

ДИК ќе расправа за тоа дали има потреба и уставен основ комисијата да продолжи со работа, во услови кога на изборите ќе има само една партија.

Иницијативата е на членовите на комисијата од ДУИ и СДСМ, а од исходот на денешниот состанок ќе зависи дали ваква точка на дневен ред ќе има и на официјална седница на ДИК.

Претходно, ДИК за учество на изборите на 5 јуни ја потврди само кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери (21 партија)

Комисијата ја  отфрли Кандидатски листи на Народното движење за Македонија, поради констатирани неправилности за учество на изборите на 5 јуни. Исто така, ги отфрли и кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија, по барање на партијата.

Поврзани новости