Груевски: Приоритет на оваа Влада треба да биде реновирање на затворите во Македонија!

by lali

По најавите на Премиерот Никола Груевски дека ќе се изградат нови старечки домови, ќе се реновираат шест болници, следи и ветување дека во наредните 5 месеци приоритет на оваа Влада треба да биде и подобрување на условите и обнова на затворите во Македонија.

„Нашата Влада е во заминување и јас како Премиер пред оставка, сакам мојата премиерска улога да ја завршам со уште едно добро дело. Да се реновираат сите затвори во Македонија. Никако не смееме да чекаме некоја нова Влада да го стори тоа. Мора да вложиме во подобрување на состојбата во затворите затоа што таму, пред се, можат да завршат луѓе кои не се навикнати на такви услови за живеење. Како Влада мора да имаме предвид за иднината на тие луѓе. Студентските домови не се приоритет, таму доаѓаат студентите и си одат, но во затворите има луѓе што таму ќе останат доживотно“, одговори Премиерот по новинарското прашање – „Зошто не се реновираат студентските домови?“

Според информациите, затворите треба да почнат да се реновираат во исто време со почетокот на работата на специјалниот јавен обвинител и за нив се планира инвестиција вредна 35 милиони евра. Со реновирањето се предвидува и набавување на нови душеци со масажери.

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости