Жешкото време предизвик за фудбалерите, Реал Мадрид се подготвувале за условите

by fokus

Тимот на Реал Мадрид тренирал на пожешко време за да се адаптира на условите што ги чекаат на Супер купот во Скопје кој ќе се одржи вечерва, откри на вчерашната прес конференција менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

– Знаев дека времето ќе биде вакво и откако се вративме од САД, решив да тренираме во Манчестер во 16 часот, но врнеше секој ден. Сакав да ја почувствуваат жештината, но врнеше постојано. Знам дека и Реал тренирал на пожешко време, веројатно се подобро подготвени за вакви услови, но сепак мора да играме и да уживаме во специјалниот момент. Не се игра често во Супер купот освен ако не сте Реал или Барселона и мора да уживаме во моментот, без разлика на времето – изјави тој.

Мурињо се надева дека судијата ќе дозволи паузи за фудбалерите да се освежат.

– Ние, ќе се обидеме да победиме, но јасно е дека има разлика меѓу победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа. Тешко е да се освои Лига Европа бидејќи има многу натпревари, патувања, а мотивацијата не е толку голема бидејќи не претставува „Елдорадо“ за фудбалерите. Најголемиот квалитет е во Лигата на шампионите, кога играте во ЛШ тука се најдобрите тимови во Европа и играте против нив, сепак ние веруваме дека е можно да победиме – изјави Мурињо.

Поврзани новости