Жена била физички нападната од директор на фирмата каде работела

by Fokus

Вчера попладне, жена од Кавадарци пријавила дека по претходно недоразбирање била нападната од директорот на фирмата каде работела, соопштија од МВР.

„На 23.05.2022 околу 11.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров е пријавено дека во фирма на подрачје на Ѓорче Петров вработената П.Г.В.(50) од Кавадарци по претходно недоразбирање била физички нападната од Ф.Х., кој бил директор на фирмата. Се работи на расчистување а случајот“, информираа од МВР.

Поврзани новости