Шаќири во Лондон се сретна со стипендисти на ФОН: Некој од вас ќе биде следниот Илон Маск

by Fokus

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во рамки на посетата на Лондон, каде се одржува Светскиот образовен форум, денеска се сретна со група студенти кои студираат на престижни британски високообразовни установи со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука.

– Драго ми е што се сретнав со вас и што имаме можност да поразговараме за вашето искуство околу студирањето на врвните универзитети, за што имате целосна поддршка од мене и Владата на Северна Македонија. Верувам дека некој од вас ќе биде следниот Елон Маск, кој што ќе може својот потенцијал да го инвестира со огромен успех на нашиот пазар, со што покрај личниот успех, целосно ќе го искористи и за напредок и промоција на нашата држава, за подобрување на образованието, промоција на претприемништвото кај младите и натамошна демократизација на државата, истакнал Шаќири.

Поврзани новости