Заев тврди дека ДУИ ја прифаќа резолуцијата

by fokus

Премиерот Зоран Заев тврди дека ДУИ ја прифаќа предлог резолуцијата за црвените линии која во Собрание ја достави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека треба да се смени и во неа да стои уставното име на земјата и да се утврдат некои формалности.

-ДУИ ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Rазговаравме zо тоа што секако треба да се смени уставното име, би требало да се утврдат некои формалности во самата резолуција за да може да биде прифатена од сите и уште еднаш да му покажеме на господинот Мицкоски дека и тој којшто го има проблемот со македонскиот јазик и идентитет. Eве и преку заедничка резолуција тоа ќе го потврдиме затоа што е неспорно за сите дома, рече Заев.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак реагираат, СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат резолуцијата.

-Без донесена Резолуција Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие бараат Талат Џафери да си замине од позицијата претседател на Собранието поради обраќањето на албански пред институциите на ЕУ.

-Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа не е одговор, и треба да има одговорност, тој треба да понесе политичка одговорност. Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости