За време на полицискиот час биле приведени 95 граѓани

by fokus

Во изминатите 24 часа, за време на полицискиот час кој траеше од 16 часот до 05 утрово, полицијата евидентирала дека на ниво на цела држава забраната за движење не ја почитувале 242 граѓани.

Од нив 95 биле приведени, 37 биле опоменати, а за останатите се изготвени записници.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Според статистиките на МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

Поврзани новости