За 70% зголемен бројот на хоспитализирани од Ковид-19 во Кина

by fokus

Кина забележа најголем скок во бројот на хоспитализирани поради Ковид-19, со скок од 70 отсто, се вели во неделниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во четвртокот, 19 јануари.

Скокот на инфекции е забележан во неделата до 15 јануари од почетокот на пандемијата, а бројот на хоспитализирани лица се искачи на 63.307, се вели во извештајот заснован на податоците обезбедени од Пекинг.

По укинувањето на мерките, корона вирусот почна брзо да се шири низ Кина, која има популација од 1,4 милијарди, а државата престана да објавува дневни извештаи за бројот на заразени лица.

На почетокот на декември Кина нагло се откажа од строгите епидемиолошки мерки кои беа на сила три години. Властите престанаа да вршат постојани тестирања, ги укинаа ограничувањата за патување и масовното затворање на јавниот и деловниот живот по големите протести на крајот на ноември.

Поврзани новости