Кантри пејачот Џо Дифи почина од корона вирусот

by fokus 10:44
10:44

Американскиот кантри пејач и кантавтор Џо Дифи почина денеска на 61-годишна возраст од компликација поврзана со корона вирусот.

Дифи е добитник на неколку Греми награди и кантри ѕвезда од 90-те. Во петокот објави дека му е дијагностициран Ковид-19. Притоа тој наведе дека е под медицински третман и замоли да не биде вознемируван, но ги замоли и обожавателите да бидат внимателни во ова време на пандемијата.

- Advertisements -

Дифи имаше 20 музички хитови на топ 10 листите, од кои пет завршија и на прво место. Од неговите албуми, 13 се прогласени за платинести, а два златни.

 

Поврзани новости