377
Најмалку 285 деца во САД развиле сериозни инфламаторни проблеми поврзани со новиот корона вирус, голем број оздравеле, но засега не е познато дали тие ќе имаат долгорочни или трајни оштетувања на организамот, пишува во студија објавена во американскиот Медицински журнал.
Се наведува дека „мултисистемскиот инфламаторен синдром“ (PIMS) кај децата се смета за невообичаена форма на заболување, а смртните случаи се ретки.
Од околу илјада заразени деца во целиот свет, 285 се евидентирани во САД, а од нив шест починале.
Просечната возраст на заболените деца е осум години, а научниците се уште не се сигурни дали и возрасните можат да се разболат од мултисистемски инфламаторен синдром. МИА