Од Охридското Езеро “испливаа” над 100 килограми марихуана

by fokus

Во полициска акција што се одвивала утринава запленета е голема количина на марихуана во пловен објект во Охридското Езеро. Се работи за марихуана со тежина од над 100 килограми, информира Министерството за внатрешни работи

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија при Бирото за Јавна безбедност, во координација со Основното јавно обвинителство Струга, како резултат на претходно преземени мерки и активности, пронајдоа седум торби со поголема количина на марихуана.

Акцијата се одвивала на 30.6.2020 во утринските часови на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на месноста викана Рампа кај Струга во пловен објект на брегот на езерото.

„Од страна на увидна екипа е извршен увид на местото на настанот, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија“, велат од МВР.

Поврзани новости