Славески презентираше преодна стратегија за надминување на економската криза

by fokus

Преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза денеска презентираше Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Стратегијата, како што рече, се однесува на мерки поврзани со консолидирање на јавните финансии и финансиско консолидирање на земјата, како и мерки кои се однесуваат на финансиска поддршка за граѓаните кои на некој начин се погодени од кризата.

Славески наброја што планира да направи ВМРО-ДПМНЕ по изборите, доколку ја преземе власта:

  • Итен ребаланс на буџетот со кој ќе се изврши целосно кратење на сите непродуктивни и неприоритетни трошоци кои не се во насока на справување со кризата и немаат дополнителна додадена вредност за економијата;
  • План за реализација на сите планирани капитални инвестиции за 2020 година, со цел стимулирање на домашната економија преку поддршка на градежниот сектор и сродни на него сектори;
  • Државата ќе ја разгледа можноста за покривање на дел од трошоците за камата за најзагрозените граѓани до крајот на 2020 година;

„Мерката што се однесува на еднократна парична помош за една ограничена категорија на граѓани преку платежни картички е проблематична од повеќе аспекти. ВМРО-ДПМНЕ смета дека поддршката треба да биде многу посеопфатна, со оглед на фактот што речиси сите граѓани во Македонија се економски и финансиски погодени од кризата. За таа цел, мерката ќе биде проширена и поедноставена со цел поголем број граѓани да добијат парична помош од државата за полесно справување со кризата“, рече Славески.

Тој во продолжение најави:

Дополнителна еднократна парична помош во висина од 100 евра за сите вработени лица во државата чии примања не надминуваат 15.000 денари.

Еднократна парична помош во висина од 150 евра за сите невработеникои не добиле помош со мерката за национални платежни картички;

Обезбедување еднократна парична помош во висина од 200 евра за сите кои ги изгубиле своите работни места поради кризата.

Поврзани новости