Во размена на оган, новинар загина на границата меѓу Израел и Либан

by Фокус

Новинар на Ројтерс загина, а уште шестмина новинари се повредени денеска во јужен Либан додека снимале размена на оган на израелско-либанската граница.

-Длабоко сме во тага кога дознавме за смртта на нашиот снимател Исам Абдалах – изјави портпаролот на Ројтерс.

Агенцијата додава дека двајца новинари на Ројтерс, Тајер Ал Судани и Махер Назех се повредени.

Ал Џезира потврди дека репортерка и нејзиниот снимател се меѓу повредените.

Во гранатирањето се повредени и двајца новинари на француската новинска агенција АФП, изјави извор од агенцијата.

Инцидентот се случил во јужен Либан во близина на границата со Израел.

Набргу по гранатирањето, Хезболах објави дека на израелските напади одговорил со директно и соодветно оружје, постигнувајќи точни удари.

Поврзани новости