Арсовска вчера ја фалеше, а денес ја критикува Мазнева, таа најавува тужба за разрешувањето

by Фокус

Ја сменив Мазнева-Николиќ бидејќи не бев задоволна од нејзината работа и не беше реализирана програмата „За модерно Скопје“, објасни градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, зошто ја разреши досегашната директорка на ЈП „Комунална хигиена“, само неколку месеци откако јавно ја фалеше како се справи со штрајкот на вработените.

-Јас како градоначалник кажав дека ниту една позиција, доколку сето она што е програмска определба на градот, не му е загарантирана. Даваме шанса на некои кои веруваме во следните шест месеци ќе има шанса – рече Арсовска.

Екс-директорката Мазнева за медиумите изјави дека доколку Арсовска не даде аргументиран став за нејзиното разрешување ќе побара судска разрешница за случајот.

-Немам намера да давам паушални изјави на туѓи лица да коментирам. Јас задоволна сум од сработеното во преттпријатието, задоволни се и вработените. Очекував дека ќе можам и понатаму да продолжам – истакна таа.

Мазнева-Николиќ беше поставена за прв човек на Комунална хигиена лани во јули, откако беше разрешен Енуз Кока од Алијанса за Албанците.

Поврзани новости