Во Демир Хисар досега шест кандидатури за градоначалник, меѓу нив и Живко Пејковски од ДПМНЕ, поранешен директор на затворот Идризово

by Fokus

Политичките партии финишираат со листите за кандидатите со кои ќе влезат во трката за градоначалници на престојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, годинава.

Според нашите информации, во Демир Хисар кандидатури од редовите на ВМРО-ДПМНЕ поднеле актуелниот кандидат за градоначалник Љупчо Блажевски, кој ќе се бори за уште еден мандат, како и Пецо Бошковски претседател на Централниот комитет на партијата во Демир Хисар. Исто така, од истата партија кандидатура поднел и Живко Пејковски, поранешен директор на затворот Идризово.

Додека пак, од редовите на СДСМ, исто така се поднесени три кандидатури за градоначалничката фотеља. Битката се води меѓу Марјан Стојановски, Љупчо Најдовски и професорот Менде Солунчевски.

На социјалните мрежи веќе се вртат анкети, од кои се бара од граѓаните да ја дадат поддршката на еден од кандидатите.

Поврзани новости