Тврдокорните се враќаат на протести, на 2 септември најавуваат Марш за аболиција на патриотите – Марш за будење на Македонскиот народ”,

by Fokus

Тврдокорните повикуваат на марш кој ќе се одржи на 02 септември во сабота, со почеток во 17 часот под мотото “Марш за аболиција на патриотите – Марш за будење на Македонскиот народ”, најавија на својата фејсбук страна.

Според најавите, протестот ќе почне од Соборниот храм преку Владата на РМ и ќе заврши пред Собранието.

– Ајде сите заедно да се спротиставиме на неправдите кон Македонскиот народ кои континуирано се спроведуваат десетина години наназад, сите заедно да се спротиставиме на двојазичноста, да се спротиставиме на обидот во Македонија да се населат т.н мигранти, ајде да им ставиме до знаење на политичарите дека народот е тој кој одлучува за својата иднина, и дека народот нема да седи мирен додека некој се обидува да му го одземе и тоа малку што е останато и нераспродадено, да им покажеме дека и ние имаме ГОРДОСТ. Ги повикуваме сите искрени патриоти да присуствуваат – се наведува во повикот објавен на фб.

 

Поврзани новости