618
Во Бугарија се потврдени нови 297 случаи на коронa вирусot, со што вкупниот број на заразрени се искачи на 13.014, се наведува на веб-страницата на бугарската влада.
Повеќето од пациентите се од Софија, а потоа следуваат Пловдив и Добрич, јави БТА.
Меѓу новозаболените има 12 здравствени работници.
Во моментов во Бугарија активно заразени се 5.205 лица, а 874 лица се хоспитализирани од кои 47 се на одделот за интензивна нега.