Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен, оди во мал групен дом

by fokus

Единаестгодишниот Илче од Охрид, кој беше оставен без соодветна грижа, по лекување на Детската клиника оди во мал групен дом.

-Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него.

Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него, напиша министерот Венко Филипче на фејсбук.

Поврзани новости