По неколку дена настава две училишта во Германија се затвораат, наставник позитивен на Ковид-19

by fokus

Само неколку дена откако покраината Мекленбург- Предна Померанија стана првата во Германија која ги отвори училиштата по летните одмори, околу 800 ученици беа принудени да се вратат во своите домови откако еден наставник беше позитивен на тестот на за Ковид-19, објави Дојче Веле.

Заразениот наставник не држел настава од понеделникот, кога беше отворена гимназијата, но сите 55 наставници сега ќе мора да бидат тестирани на корона вирусот. Училиштето ќе остане затворено најмалку до среда, соопшти општината.

Уште 100 ученици од основно училиште во регионот на Росток се ставени во двонеделен карантин откако еден нивни соученик бил позитивен на вирусот.

Поврзани новости