Шерко Атанасовски навидум е обичен пензионер, татко на двајца возрасни синови и дедо на три внучиња. Минатата недела наполни 75 години и како секој човек на таа возраст деновите ги минува еднолично исполнувајќи една те иста рутина.
Станува рано наутро, купува бурек, јогурт и „животинско царство“ за внуците, попладне ја полива бавчата и во вторник или во петок знае да прошета со автобус низ Скопјево.
Сепак, има една работа што го разликува Шерко од останатите. Тој цели 45 години не се одлогирал од Фејсбук плашејќи се да не му се појави Стево Пендаровски.
– Не сакам да го гледам, со Бранко го продадоа името. Ќе умрам, не се одлогирувам – вели Атанасовски.
Неговата сопруга Лајка Атанасовска раскажува дека четири децении никој не успеал да го убеди Шерко оти Пендаровски веќе не се појавува на одлогирање.
– На времето, уште пред 20 години и Илија Димовски и Антонио Милошоски дојдоа кај нас. Еве тука, седеа кај шпоретот и го молеа да се одлогира. Ништо не помогна. Имаме еден лаптоп и јас 45 години не сум проверила Фејсбук. Пусто името да ми остане! – низ солзи раскажува Лајка.