ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите горат, а владата не покажува грижа за граѓаните

by Fokus

Несериозноста на неспособната владата на Заев ги загрозува животите и здравјето на илјадници граѓани на Република Македонија. СДС со својата неспособност и неажурност дозволи Македонија да стане огромно жариште и да и се случи еколошка катастрофа, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Пожарите горат, а владата е инертна и не покажува грижа за граѓаните. Неспособната влада на СДС не успеа да направи превенција од нови пожари, иако сите информации говореа за ризик од пожари, и на тој начин стави во опасност илјадници граѓани. Неодговорната влада на СДС не успеа да изгаси локални пожари кои ескалираа и ставија во опасност цели региони.

Од таму тврдат дека заради игнорирањето и ненавременото локализирање на пожарите, СДС дозволи тие со денови да голтаат цели планини со шума и да станат вистинска опасност на огромен број на граѓани.

 

Поврзани новости