Форумот на слободоумни патриоти против Законот за употреба на јазиците: Премиерот Заев по ништо не се разликува од Груевски

by Fokus

Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува последниот потег на Владата на Република Македонија со кој повторно без дебата и без ниедно експертско мислење во очи на локалните избори го изгласа фамозниот Закон за употреба на јазиците.

– Носење на суштински закони без експертско мислење и без јавна дебата, на затворени седници на Владата на Република Македонија не е демократија, напротив потсетува на едно не така далечно време. Сакаме да му укажеме на Премиерот Зоран Заев дека со последните неколку негови потези покажа дека по ништо не се разликува од неговиот претходник Никола Груевски, покажа дека се она што во јавност го кажуваше воопшто и не го мислел. Господине Заев демократијата се практикува, она што го правите вие е обична демагогија – се наведува во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти, чиј претседател е Владимир Змејковски.

 

Поврзани новости