ВМРО-ДПМНЕ: Наместо европско општество, Владата гради апартхејд

by fokus

Едно општество за сите не се гради со етничка исклучивост. Мерката на владата на Заев не само што е деградирачка туку е и дискриминаторска кон останатите граѓани. Наместо европско општество, Заев гради апартхејд, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најавата за субвенционирањето на приватните компании за вработување по етнички клуч која ја промовираше првиот вицепремиер, Артан Груби.

-Субвенционирањето на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат. Наместо политика на апартхејд, Владата нека почне да води европски политики. Нека ги тргнат главите од тендери и криминални пари, и нека гледаат да сработат барем нешто за граѓаните на Македонија, велат од опозицијата.

Поврзани новости