Онлајн наставата ќе почне на 1. октомври, наставата со физичко присуство ќе зависи од бројот на заразени

by fokus

Онлајн наставата ќе започне на 1. октомври, додека почетокот на наставата со физичко присуство ќе зависи од епидемилошката состојба, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Планот на Владата е наставата да започне на 1 октомври. Но, започнувањето на учебната година зависи од епидемиолошката состојба. Да карикираме, ако на 25 септември имаме голем број заразени, да, ќе стартуваме со онјалн, но со физичко присуство од прво до трето одделение најверојатно ќе го преобмислиме. Ако имаме стабилна епидемиолошка состојба одиме со планот којшто е подготвен, рече Царовска во Собрание.

Таму треба да се одлучува за измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование, закони за кои опозицијата најави амандмани.

Поврзани новости