ВМРО-ДПМНЕ мисли уште живееме во режимот на Груевски, тврди СДСМ

by Fokus

Откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека преку огласот за финансирање на невладини организации за преземање мерки за справување со корона-кризата, власта прави предизборен поткуп, со реакција излегоа од СДСМ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Иванка Василевска очигледно мислат дека се уште живееме во време на режимот на Никола Груевски, кога со парите на граѓаните ги полнеа своите и џебовите на нивните инструментализирани и партиски организации, поткупуваа медиуми, правеа предизборни поткупи, додека во меѓувреме вршеа притисоци кон невладини организации и слободумни граѓани. Научени на таа матрица ВМРО-ДПМНЕ денес во се гледа наводни скандали. Лица кои на 27 април биле замешани во насилствата, денес од партиски прес-конференции продолжуваат да ги напаѓаат невладините организации“, се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости