Владата на денешната седница донесе 51 одлука

by fokus

Владата информира дека на денешната седница биле донесени одлуки по вкупно 51 точка на дневен ред.

По предлог на Комисијата за економски систем и тековна економска политика, Владата го разгледала годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година, а заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања ја запозна Владата со Информација во врска со одржан состанок во Секретаријатот на Енергетска заедница во Виена, Австрија на ден 09.08.2017 година и притоа истакна дека законот за воведување на ефтина тарифа во снабдувањето со електрична енергија дека треба да биде ставена во приоритетните закони поради и напомена дека нема пречки тоа да биде имплементирано во Македонија.

Владата го разгледала и годишниот Извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година го утврди мислењето врз основа на заедничкото мислење што Министерството за економија ќе го подготви во соработка со Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата нзадолжен за економски прашања и координација со економските ресори, при што да се имаат предвид поединечните мислења на Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство, и го достави во понатамошна процедура во Собранието на Република Македонија.

На седницата се дискутирало и за состојбите во ИПА фондовите и нивното имплементирање во контекст на идно подобро и попродуктивно искористување на можностите што ги нудат фондовите преку институциите на системот.
На седницата на Владата било разгледано финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот јануари-март 2017 година. Владата со одлука му наложила на ЈП да одреди надзорен орган и рокови и во кои ќе изврши надзор над извршените работи од градежните компании.

Бил дискутиран и усвоен и извештајот за финансиското работење на ЈП МЖ Инфраструктура, како и годишната сметка т.е Финансискиот извештај и Извештај за работењето за 2016 година на АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје.

Владата со одлука ги одобрила годишните сметки за финансиското работење на двете јавни претпријатија и нивниот финансиски извештај и ја задолжи АД за Поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје да подготви програма за намалување на непродуктивни трошоци и во рок од два месеци да ја достави до Владата на Република Македонија.

Поврзани новости