Раул: Штом си оди Самсоненко, сите треба да си бараме нови клубови

by fokus

Европскиот ракометен шампион Вардар е на пат да заврши како Кометал. По освојувањето на Лигата на шампионите клубот ќе одигра уште една сезона во сопственост на Сергеј Самсоненко, а потоа ќе биде оставен на немилост.

Денеска тренерот Раул Гонзалес изјави дека штом Самсоненко си заминува, тогаш сите треба да почнат да си бараат нови клубови.

-Никој не го посакува тоа, но штом претседателот така кажа, тогаш ќе треба сите да си бараме нови клубови. Но, имаме цела сезона пред нас и не треба сега да размислуваме за тоа, наше е да играме ракомет и да се фокусираме само на тоа. Тешко е, но таков е животот, изјави Раул за Спорт1.

Поврзани новости