780
Тони Делков, кандидат за градоначалник на Неготино од редовите на СДСМ, вчера ги посети пензионерите во нивниот клуб, каде им вети дека секогаш ќе биде отворен за соработка со нив, и ќе им биде чест гостин кому ќе можат да му се обратат за сите актуелни проблеми.
Тие пак, за возврат, му ја отпеаја песната ,,Кажи ми, кажи Наде вистината’’ во чест на неговата сопруга, Надица, а тој расположено им се придружи.
Во својата програма, Делков потенцира дека активно ќе ги вклучи пензионерите во општествено – културниот живот на општината.
Како еден од клучните проекти во неговата програма е конечно решавање на проблемот со водоснабдување, за кој ветува дека ќе биде решен до 2020 година.
Вики Клинчарова