Нема бесплатни престави во Театар Комедија за средношколци и студенти, Жугиќ ги обвини СДСМ дека лечат фрустрации

by Fokus

Средношколците и студентите од оваа учебна година нема да гледаат бесплатни претстави во театар „Комедија“. Ова го одлучи новото раководство на театарот, по претходна консултација со Управниот одбор. Влезницата со попуст изнесува 150 денари.

– Младите треба да се научат да ги ценат уметноста и вредноста. Јас сум многу задоволна, за почеток, од посетеноста во новата сезона. Уште како актер во овој театар многу ме иритираше фактот дека бесплатното важеше само за средношколци од Скопје и не се дозволуваше за другите градови. Многу често кога сме играле пред средношколци немало дисциплина, се добиваше впечаток како сосила да дошле. – вели директорката Мирјана Поповска-Ристов.

На тоа реагираше поранешната директорка на Театар Комедија, Јелена Жугиќ која истакна дека средношколците и студентите повеќе нема да можат бесплатно да бидат дел од публиката во театарот.

– Впрочем, не ни очекувавме нешто поразлично од СДС. Тие своите фрустрации од неможноста да им се допаднат на граѓаните и легитимно да победат на избори сега ќе ги пласираат удирајќи по џебот на најмладите – тврди Жугиќ.

Поврзани новости