ВИДЕО Насилниците кои претепаа девојка спроведени во штипскиот суд

by Fokus

Штипјаните С.А. и П.Р., кои пред два месеци претепаа девојка денеска се спроведени на сослушување пред штипскиот суд. Тие се товарат за кривично дело насилство.

Видеото беше објавено вчера на социјалните мрежи, а полицијата веднаш постапи за пронаоѓање на овие лица, по што ги приведе и ги задржа во 24-часовен притвор.

Штипското обвинителство утринава достави предлог до судот за одредување мерка притвор во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и постоењето околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело.

Видео: ТВ Стар

Поврзани новости