(Видео) Алиу не поднесе оставка:„Јас не се откажувам никогаш“

by Fokus

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на денешната прес-конференција не поднесе оставка, иако се шпекулираше дека тоа ќе го стори. Тој рече дека не е вистина дека сакал да се повлече од функцијата.

„Во јавноста провејуваше шпекулација дека јас ќе се откажам од овој предизвик, тоа веројатно доаѓа од луѓе кои не ме знаат доволно добро или можеби од луѓе кои тоа го сакаат“, кажа Алиу.

Тој на прес-конференција укажа дека нема време за губење и дека ова е важно да се направи што поскоро.

„Јас не се откажувам никогаш. Ние сме министри и имаме обврски и кон нашите партии. Законите се со ЕУ знаменце, поминаа на Влада и се заглавени во Собрание“, рече тој.

Станува збор законите за реформа на јавната администрација, два за дигитализација како и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, закони што се носат со европско знаме.

Поврзани новости