Уапсен гласачот со 5 лични карти, ама оти му паднале!

by lali

Полициските специјалци утрово во 4 часот упаднаа во домот на гласачот од Кисела Вода, оној на кој од џеб му паднаа пет лични карти и го уапсија по ѕиври. Веднаш потоа беше одведен на распит, по што истражен судија му одреди 30-дневен притвор.

Министерката Гордана Јанкулоска уште еднаш потврди дека МВР има нулта толеранција кон прекршувањата на изборниот процес и затоа веднаш, првиот ден по изборите реагира на најголемите неправилности.

– Им се смееја на луѓено од Пустец, ама тие си дојдоа, си преспаа по 60 души во еден стан, гласаа и на никој не му падна личната карта. Овој несреќник од Кисела Вода не можел пет лични карти в џеб да додржи и има да одговара. Уапсен е во ѕиври зашто човекот не заслужува џебови – децидна беше Јанкулоска и потенцираше дека ова е доказ оти правдата ги стигнува и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, а не само оние на СДСМ.

Поврзани новости