Црквата на Елада: Се молиме да преовладее свеста и БПЦ да не го прифати барањето на расколничката црква на „Македонија“

by Fokus

Светиот Архиерејски Синод на Црквата на Елада, на заседанието од 14-ти Декември, оваа година, а по повод соопштението на Светиот Архиерејски Синод на Бугарската Православна Црква, ја разгледувало одлуката на таа Црква, од 29-ти Ноември 2017 година да го прифати барањето на расколничката црква на „Македонија“ и да преземе улога на нејзина „мајка Црква“. Нивното соопштение ви го прнесуваме во целост:

Светиот Синод ја изразува својата загриженост, заради фактот на мешање, со таа одлука, на Бугарската Православна Црква во јурисдикцијата на друга Православна Црква, т.е. на Српската Православна Црква, чин, којшто е спротивен на Светите Канони и на Преданието на Црквата, со што ги превидува канонското право и водечката улога на Вселенската Патријаршија, што може да биде почеток на немили собитија.

Светиот Синод се моли да преовладее совеста и одлуката на сестринска Бугарска Православна Црква конечно да не се спроведе.

Поврзани новости