Денеска во 12 часот протест пред Влада за чист воздух

by Fokus 09:32
09:32

Група граѓани денеска во 12 часот организира протест пред Владата под мотото „Станете за чист воздух“. Во повикот за протест се нудат десет итни мерки кои мора да се преземат за намалување на загадувањето:

1.Итно чистење на сите главни и споредни улици во градот

- Advertisements -

2.Забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарна, полиција, брза помош, службени возила за истовар на роба

3.Бесплатен јавен превоз

4.Исклучување од сообраќај на старите возила кои загадуваат, вклучувајќи ги и оние на КХС

5.Забрана за градежни активности во период на загаден воздух (ноември, декември, јануари)

6.Субвенциониран приклучок на топлификација за сите граѓани

7.ИТНО и ТРАНСПАРЕНТНО мониторирање на индустриските погони, големи и мали, кои испуштаа стакленички гасови

8.Помош за домаќинствата кои немаат финансии за греење па палат што ќе најдат

9.Итно чистење на сите диви депонии во градот

10.Санкции за палачите на огнови на отворено, посебно да се обрне внимание на кејот на Вардар

Поврзани новости