Американскиот претседател Доналд Трамп вчера беше во посета на фабрика за заштитни маски во сојузната држава Аризона. Американските медиуми го критикуваа дека и покрај тоа што во целиот објект имало предупредувања за задолжително носење маски, тој и неколкумина во делегацијата носеле само заштитни очила, додека сите вработени се со маски.
Но, она што уште може да се забележи за време на посетата е дека додека на Трамп му ги објаснуваат карактеристиките на маските Н95 што се произведуваат во фабриката, во заднина на халата ечи популарната песна на бендот „Ганс енд роузис“, „Live and Let Die“, што во американскиот јазик има две значења – доколку некој не се однесува добро кон тебе, прости му и заборави или убиј го.
Симболиката на песната се поврзува со изјавата на Трамп дадена претходно, исто така во фабриката, дека животот мора да се врати во нормала, без разлика што и натаму ќе има жртви од корона вирусот.
Трамп е под постојани критики од медиумите поради тоа што од почетокот на пандемијата одбива да носи заштитна маска, иако неговата сопруга Меланија Трамп е една од оние што се вклучија во кампањата за носење маски како клучен елемент во борба против ширењето на вирусот.