Починаа двајца пациенти заразени од корона вирусот, кај еден вирусот бил утврден по смртта

by fokus

Двајца пациенти заразени со корона вирусот починале во изминатите 24 часа, информираат од Министерството за здравство.

-Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот, велат од министерството.

Вкупниот број на починати од Ковид -19 се искачи на 88.

Поврзани новости